Конституиран Советот на стопанственици во Кисела Вода, презентирани мерки за поддршка на бизнисот и вработување
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 22 Јули 2026
Во Општина Кисела Вода беше одржана првата седница на новоконституираниот Совет на стопанственици, на која беа претставени актуелните владини мерки за поддршка на компаниите, отворање нови работни места и поттикнување на вработувањето на младите.
Утре прекин на водата во Кисела Вода: Без водоснабдување дел од улица Маца Карбева и Трета зона Припор
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 21 Јули 2026
ЈП Водовод и Канализација известува дека за утре, 22 јули 2026 година (среда), поради уличен дефект на улицата Маца Карбева бр. 24/42 во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Маца Карбева и населбата Трета зона Припор.
Симултанка во Паркот на шахот: Општина Кисела Вода ги одбележа Светскиот ден на шахот и јубилејот на ФИДЕ
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 20 Јули 2026
Општина Кисела Вода беше домаќин на централното одбележување на 20 Јули – Меѓународниот ден на шахот и 102-годишнината од основањето на Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
Кисела Вода доби калистеник парк и терен за одбојка на песок
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 17 Јули 2026
Во населбата 11 Октомври Бараки во Општина Кисела Вода е отворена нова спортско-рекреативна зона, која опфаќа калистеник парк и терен за одбојка на песок.
При крај реконструкцијата на улицата „Лазар Димитров“, Владата го презема проектот за санација на патот кон Теферич
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 16 Јули 2026
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, изврши увид во завршната фаза од реконструкцијата на улицата „Лазар Димитров“ во населбата 11 Октомври – Бараки.
Владата инвестира 386 милиони денари во инфраструктурни проекти во Кисела Вода, најавени нови вложувања
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 16 Јули 2026
Владата преку Министерството за транспорт инвестира 386 милиони денари во инфраструктурни и урбани проекти во Општина Кисела Вода, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при увидот на реконструираната улица „Лазар Димитров“.
„Димо Хаџи Димов“ ќе се поврзува со Припор: Кисела Вода и Град Скопје со капитална сообраќајна инвестиција
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 15 Јули 2026
Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, соопшти дека Советот на општината изгласа иницијатива за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се отвора патот за реализација на долгоочекуваниот проект за пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“.
Бети Стаменкоска Трајкоска: Санирано детското игралиште на „Ѓорѓи Сугаре“ по вандалскиот чин
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 13 Јули 2026
Игралиштето е повторно безбедно и подготвено за игра, откако екипите на општината ја завршија санацијата на оштетените реквизити.
Нова водоводна мрежа во Драчево: Инвестиција во стандардизирано снабдување со вода за семејствата на улица „Речиште 1“
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 08 Јули 2026
Општина Кисела Вода официјално започна со реализација на проектот за изградба на нова водоводна мрежа на улицата „Речиште 1“ во населбата Драчево.
Општина Кисела Вода доделува еднократна помош за граѓаните погодени од невремето
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 06 Јули 2026
Општина Кисела Вода отвори постапка за доделување еднократна парична помош за сите жители кои претрпеа материјални штети на своите станбени објекти како последица на неодамнешните обилни врнежи и невремето што го зафати Скопје. Оваа мерка е насочена кон директна поддршка на семејствата кои се соочуваат со последиците од елементарната непогода.
Дел од Кисела Вода денеска без струја
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 26 Јуни 2026
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска (26 јуни) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Општина Кисела Вода.
„Стоп за Усје“: Новата дозвола не нуди поголема заштита од загадување
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 24 Јуни 2026
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ тврди дека новата еколошка дозвола за цементарницата не е усогласена со европските стандарди и содржи помалку обврски од постојната дозвола.
Марш против обновувањето на дозволата за „Усје“ денеска во Скопје
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 23 Јуни 2026
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска во 18 часот организира марш од Собранието до Министерството за животна средина, под мотото „НЕ за нова дозвола по стари правила“.
Планиран прекин на струја денеска во делови од Кисела Вода
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 20 Јуни 2026
Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, во сабота (20 јуни) дел од жителите на Општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија.
Првенците на генерацијата од основните училишта во Кисела Вода добија признанија од општината
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 12 Јуни 2026
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска се сретна со првенците на генерацијата од сите основни училишта на територијата на општината.
Современи училници и спортски сали: Општина Кисела Вода гради безбеден простор за новите генерации
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 04 Јуни 2026
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, објави детални информации за сеопфатниот бран на обнова, проширување и модернизација кој во моментов ги опфаќа сите основни училишта на територијата на општината.
560 полуматуранти од Кисела Вода прославија на заедничка бесплатна забава
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 11 Јуни 2026
Дури 560 деветтоодделенци од сите основни училишта во Општина Кисела Вода синоќа ја прославија својата полуматура на заедничка бесплатна забава организирана во спортската сала „Независна Македонија“.
Со средства од унгарскиот кредит се обновува објектот на месната заедница во Драчево
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Објавено: 03 Јуни 2026
Градежните активности за комплетно реновирање на објектот на месната заедница во населбата Драчево се наоѓаат во завршна фаза и се одвиваат со брзо темпо. Овој општински простор, кој со децении беше запоставен и во исклучително лона состојба, секојдневно го менува својот изглед благодарение на интензивната работа на терен.
