„Стоп за Усје“: Новата дозвола не нуди поголема заштита од загадување

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ тврди дека новата еколошка дозвола за цементарницата не е усогласена со европските стандарди и содржи помалку обврски од постојната дозвола.

Според нив, недостигаат гранични вредности и мониторинг за опасни загадувачи како тешки метали, диоксини и фурани.

Од иницијативата посочуваат дека програмата за подобрување не содржи конкретни цели, рокови и мерки за намалување на загадувањето, а ја критикуваат и недоволната транспарентност на постапката.

Тие бараат дозволата да содржи јасни и обврзувачки еколошки стандарди, редовно објавување на мерењата и конкретни мерки за заштита на здравјето и животната средина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.