Првенците на генерацијата од основните училишта во Кисела Вода добија признанија од општината
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 12 Јуни 2026
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска се сретна со првенците на генерацијата од сите основни училишта на територијата на општината.
На средбата, учениците кои годинава го завршуваат основното образование добија благодарници и пригодни подароци како признание за нивниот успех, труд и посветеност во текот на деветгодишното образование.
Стаменкоска Трајкоска истакна дека поддршката за талентираните ученици ќе продолжи и понатаму, нагласувајќи дека тие ќе бидат опфатени и со јавниот оглас за поддршка на талентирани ученици.
„Го наградуваме знаењето, затоа што тоа е единствениот патоказ кон успехот“, порача таа, додавајќи дека општината ќе продолжи да ги препознава и поддржува најдобрите млади кадри.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













