Кисела Вода доби калистеник парк и терен за одбојка на песок

Во населбата 11 Октомври Бараки во Општина Кисела Вода е отворена нова спортско-рекреативна зона, која опфаќа калистеник парк и терен за одбојка на песок.

 

Комплексот се наоѓа во непосредна близина на Паркот на шахот и е наменет за рекреација и спорт на граѓаните.

 

Калистеник паркот зафаќа површина од 380 квадратни метри и е опремен со вратило, разбој, паралелки и шведски скали, овозможувајќи вежби со сопствена телесна тежина за развој на силата, издржливоста и флексибилноста.

 

Во рамки на комплексот е изграден и терен за одбојка на песок со мрежа поставена според стандардите за спортски натпревари и рекреативно користење.

 

Целиот простор е осветлен со рефлектори, што овозможува негово користење и во вечерните часови.

 

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, истакна дека проектот е дел од заложбите на локалната самоуправа за развој на спортската инфраструктура и создавање современи услови за активен и здрав живот на граѓаните од сите генерации.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.