560 полуматуранти од Кисела Вода прославија на заедничка бесплатна забава
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 11 Јуни 2026
Дури 560 деветтоодделенци од сите основни училишта во Општина Кисела Вода синоќа ја прославија својата полуматура на заедничка бесплатна забава организирана во спортската сала „Независна Македонија“.
Настанот, кој Општина Кисела Вода го организира втора година по ред, беше посветен на одбележувањето на крајот на основното образование и почетокот на новото поглавје за младите. Според градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, концептот на прославата бил креиран во соработка со самите ученици, кои активно учествувале во подготовката и организацијата на настанот.
За музичката атмосфера беа задолжени 2Bona и диџеј Марио Трампет, додека посебен белег на вечерта дале и настапите на учениците.
„Кога им давате простор на младите да одлучуваат, тие создаваат одлични идеи и концепти. Оваа вечер беше токму таков пример“, порача Стаменкоска Трајкоска.
Таа им посака многу успех на полуматурантите во нивното понатамошно образование и изрази уверување дека од заедничката прослава ќе понесат убави спомени пред да ги започнат средношколските денови.
Од Општина Кисела Вода истакнуваат дека и во иднина ќе продолжат да ги поддржуваат младите и да ги вклучуваат во креирањето на локалните политики и активности што се од нивен интерес.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













