Водата за пиење од водоснабдителниот систем на Скопје е безбедна, покажуваат последните анализи на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.
 

Утре без струја делови од Петровец и Драчево

Без електрична енергија утре, 16 септември, ќе останат делови од Петровец и Драчево, поради планирани прекини во снабдувањето.
 
Општина Гази Баба одбележува 50 години постоење, а големиот јубилеј ќе биде прославен со музичка вечер на 18 септември (петок) на плоштадот во Автокоманда.
 
Камениот мост во Скопје ќе добие нов изглед во вечерните часови. Денеска започнаа активностите за негово декоративно и архитектонско осветлување, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
 

Бесплатен престој во градинка за децата Роми во Гази Баба

Децата Роми од Општина Гази Баба ќе имаат целосно бесплатен престој во детска градинка, преку проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“.
 
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска работат на уредување на зеленилото долж булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.
 

Денеска без струја дел од Бардовци

Дел од Бардовци денеска ќе остане без електрична енергија поради планирано исклучување.
 

Без вода дел од Мичурин, намален притисок на две улици

Денеска, 14 септември, ќе има прекин во водоснабдувањето на улица „Венјамин Мачуковски“ во Мичурин поради уличен дефект, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
 

Утре без струја дел од Бардовци

Дел од Бардовци утре, 14 септември, ќе остане без електрична енергија поради планирано исклучување.
 

Без вода дел од Ново Село поради уличен дефект

Корисниците на зградите на улица „1831“ во Ново Село денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради уличен дефект, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
 
Поради уличен дефект на водоводната мрежа на улица 31 во Волково, денеска, 12 септември, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на улиците 31 и 33.
 
Во ООУ „Војдан Чернодрински“ беше реализирана психолошка креативна работилница „Мојот внатрешен чувар“, наменета за учениците од II-б одделение.
 
Детското игралиште во населбата Жданец доби нов изглед по спроведената реконструкција, со која просторот е направен поуреден, пофункционален и побезбеден за најмладите.
 
Амбасадорот на Република Косово, д-р Флориан Ќехаја, денеска беше во посета на Општина Бутел, при што го посети и основното училиште „Лиман Каба“.
 
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, го означија почетокот на изградбата на новиот масовен парк во населбата Ново Лисиче, во непосредна близина на ФФМ и последната автобуска станица на „5-ка“, со што просторот што со години бил дива депонија се претвора во голема зелена целина од 71.000 квадратни метри.
 
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, на која беа дефинирани клучните приоритети за унапредување на културниот живот и зајакнување на соработката меѓу локалната и централната власт.
 

Денеска без струја делови од Арачиново и Горно Соње

Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска, 11 септември, без електрична енергија ќе останат корисници во Арачиново и Горно Соње.
 
Во училиштето денеска се одржа свеченост по повод успехот на учениците од 4-а одделение, кои освоија престижно признание на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026 во Берлин.
 

© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.