Симултанка во Паркот на шахот: Општина Кисела Вода ги одбележа Светскиот ден на шахот и јубилејот на ФИДЕ
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 20 Јули 2026
Општина Кисела Вода беше домаќин на централното одбележување на 20 Јули – Меѓународниот ден на шахот и 102-годишнината од основањето на Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
Во Паркот на шахот се одржа традиционална симултанка на отворено во соработка со Шаховската Академија „Данчевски“, овозможувајќи им на граѓаните директно да ги одмерат силите со перспективни млади шахисти и со Интернационалниот мајстор и ФИДЕ тренер, Орце Данчевски.
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ја истакна важноста на шахот како дисциплина што ги учи младите на трпение, стратегија и логичко размислување неколку чекори однапред.
Таа потсети дека Општината активно инвестира во овие вредности преку долгорочна соработка со академијата, со што во текот на годинава околу 50 деца од Кисела Вода добија бесплатна можност професионално да ги изучуваат тајните на оваа игра.
Локалната самоуправа најави дека и во иднина продолжува со поддршката на спортските и образовните иницијативи насочени кон развој на младите таленти и создавање нови генерации шампиони.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













