Бети Стаменкоска Трајкоска: Санирано детското игралиште на „Ѓорѓи Сугаре“ по вандалскиот чин

Игралиштето е повторно безбедно и подготвено за игра, откако екипите на општината ја завршија санацијата на оштетените реквизити.

 

Градоначалникот најостро го осуди овој чин, оценувајќи го како срамен вандализам насочен против просторот наменет за најмладите.

 

„Недозволиво е просторот каде што нашите деца треба да се радуваат и да се дружат да биде цел на ваков чин. Кога неодговорни поединци ги оштетуваат овие капацитети, средствата кои треба да се инвестираат во нови проекти, мораме да ги пренасочуваме за поправки и чистење“, нагласи Стаменкоска Трајкоска.

 

Со цел да се спречат слични деструктивни појави во иднина, Општината најави воведување на засилен инспекциски надзор на јавните површини.

 

Воедно, упатен е апел до граѓаните совесно и одговорно да се однесуваат кон јавните добра, нагласувајќи дека нивното зачувување е заедничка граѓанска должност.

 

Од Општина Кисела Вода ги повикуваат сите граѓани при секое забележано деструктивно однесување веднаш да ги известат надлежните институции, со цел сторителите да бидат соодветно санкционирани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.