Марш против обновувањето на дозволата за „Усје“ денеска во Скопје

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска во 18 часот организира марш од Собранието до Министерството за животна средина, под мотото „НЕ за нова дозвола по стари правила“.

Организаторите тврдат дека во барањето за обновување на еколошката дозвола за цементарницата „ТИТАН Усје“ недостигаат важни податоци за мониторинг и контрола на опасни загадувачи, како тешки метали, диоксини и фурани. Според нив, предложените стандарди не се усогласени со европските норми.

Од иницијативата ги повикуваат граѓаните, стручната јавност и граѓанските организации да се приклучат на маршот и да побараат транспарентна постапка и поголема заштита на животната средина и јавното здравје





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.