Владата инвестира 386 милиони денари во инфраструктурни проекти во Кисела Вода, најавени нови вложувања

Владата преку Министерството за транспорт инвестира 386 милиони денари во инфраструктурни и урбани проекти во Општина Кисела Вода, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при увидот на реконструираната улица „Лазар Димитров“.

Николоски, заедно со градоначалничката Бети Стаменковска, ја посетија обновената улица, чија реконструкција е реализирана со средства од Министерството за транспорт во вредност од 3,6 милиони денари.

„Само преку Министерството за транспорт во Кисела Вода се реализираат проекти во вредност од 386 милиони денари, односно околу 6,5 милиони евра. Тоа е сериозна инвестиција и силна поддршка за општината. Во изминатиот период беа завршени уште пет улици, а во моментов има повеќе од 20 активни проекти“, изјави Николоски.

Тој најави дека Владата ќе продолжи да ја поддржува општината и во наредниот период, оценувајќи дека со заедничка работа на локалната и централната власт ќе се реализираат нови инфраструктурни проекти.

Градоначалничката Бети Стаменковска истакна дека со владината поддршка, но и со средства од општинскиот буџет, Кисела Вода продолжува да инвестира во подобрување на локалната инфраструктура и создавање поквалитетни услови за живот на граѓаните.

Реконструкцијата на улицата „Лазар Димитров“ е дел од поширокиот пакет инфраструктурни зафати што се реализираат на територијата на општината, а чија цел е модернизација на патната мрежа и унапредување на урбаниот развој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.