При крај реконструкцијата на улицата „Лазар Димитров“, Владата го презема проектот за санација на патот кон Теферич
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 16 Јули 2026
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, изврши увид во завршната фаза од реконструкцијата на улицата „Лазар Димитров“ во населбата 11 Октомври – Бараки.
Улицата, долга околу 800 метри, е целосно реконструирана, а во наредниот период ќе биде поставена хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
Вредноста на проектот изнесува 3,6 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт.
Од Општина Кисела Вода информираат дека во соработка со Министерството во тек е реализација на околу дваесет инфраструктурни проекти.
Меѓу нив се реконструкции во месните заедници Пинтија и Драчево, како и работи на улицата „Речиште“ и на други локации низ општината.
Според локалната самоуправа, преку Министерството за транспорт во Кисела Вода се инвестираат околу 6,5 милиони евра.
На увидот било најавено и решение за долгогодишниот проблем со патот кон Теферич.
Според градоначалничката, по координација меѓу Владата, Министерството за транспорт и Град Скопје, Владата донела одлука Министерството целосно да го преземе проектот за негова санација.
Како што било соопштено, веќе е подготвен проект за стабилизација и санација на патниот правец, а во наредниот период ќе биде распишан тендер за избор на изведувач.
Според најавите, градежните работи би можеле да започнат за околу еден месец, со цел санацијата да биде завршена пред почетокот на зимската сезона.
Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













