Чадот од пожарите содржи ситни честички PM₂.₅ и PM₁₀, како и други штетни гасови кои можат да предизвикаат проблеми со дишењето и да влијаат врз срцето и крвните садови. Загадениот воздух може да се пренесува и на големи растојанија.
 
Високите температури можат значително да влијаат врз квалитетот на сонот, па во периодите на топло време се препорачува преземање неколку едноставни мерки за полесно заспивање и поквалитетен одмор.
 
Во периоди на високи температури и топлотни бранови, правилното разладување и проветрување на просториите е особено важно за намалување на изложеноста на прекумерна топлина и на здравствените ризици поврзани со високите температури.
 
Летото носи повеќе патувања, дружења и нови познанства, но грижата за здравјето не треба да биде изоставена. Сексуално преносливите инфекции (СПИ) можат да се пренесат преку незаштитен сексуален контакт, а дел од нив можат долго време да не предизвикуваат никакви симптоми.
 
Високите температури и топлотните бранови претставуваат посебен ризик за лицата над 65 години, бидејќи со возраста организмот потешко се приспособува на топлината. Дополнителен ризик се хроничните заболувања и одредени терапии кои можат да влијаат врз способноста на организмот да се справи со високите температури.
 
Институтот за јавно здравје продолжува да ја надградува мобилната апликација „Беббо“, со цел родителите да имаат брз и лесен пристап до сигурни, проверени и научно засновани информации за здравјето, растот и развојот на децата.
 
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки за правилен внес на течности и безбедно практикување физичка активност во услови на високи летни температури, со цел да се спречат дехидратација, прегревање и други здравствени компликации.
 
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до родителите и старателите да посветат посебно внимание на заштитата на доенчињата и предучилишните деца за време на високите летни температури, бидејќи тие се меѓу најранливите категории на населението.
 
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до граѓаните кои во текот на летото патуваат во земјата или во странство навреме да преземат мерки за заштита на здравјето, бидејќи високите температури, инсектите и престојот покрај вода носат зголемен ризик од заболувања и повреди.
 
Во Македонија годинава се регистрирани осум случаи на Западно-нилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен. Болеста најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец, а во најголем број случаи инфекцијата поминува без симптоми.
 
Македонија деновиве е зафатена од топлотен бран, а температурите во повеќе градови ќе достигнат и до 38 степени Целзиусови. Лекарите предупредуваат дека високите температури можат сериозно да влијаат врз здравјето, особено кај повозрасните лица, децата, хронично болните и бремените жени.
 
Со цел да се подигне свеста за придобивките од рекреацијата и одржливиот транспорт, Генералното собрание на ОН во април 2018 година го прогласи 3 јуни за Светски ден на велосипедот.
 
Медицината во 2026 година бележи забрзан развој на иновативни пристапи во дијагностика и лекување, при што вештачката интелигенција и генската терапија се издвојуваат како најперспективни правци.
 
Викендот е идеално време да се направи мала пауза од секојдневните обврски, но и одлична прилика да се остане физички активен и да се подобри општото здравје.
 
Кога се зборува за слабеење, најчесто првата асоцијација е диета, броење калории и физичка активност. Но експертите за исхрана и медицина сè почесто истакнуваат дека една од најважните, а најзанемарени работи е – квалитетниот сон.
 
Недостатокот на време е една од најчестите причини поради која луѓето избегнуваат физичка активност. Но, експертите велат дека само 10 минути вежбање дневно може да направи значајна разлика за здравјето и кондицијата.
 
Многумина кои сакаат да ослабат или да го подобрат здравјето се соочуваат со истото прашање – дали е подобро трчање или брзо одење.
 
Стресот не секогаш се манифестира на очигледен начин. Често се „крие“ зад секојдневни навики и симптоми што многумина ги игнорираат, а со текот на времето може сериозно да влијае на здравјето.
 

© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.