Нова водоводна мрежа во Драчево: Инвестиција во стандардизирано снабдување со вода за семејствата на улица „Речиште 1“

Општина Кисела Вода официјално започна со реализација на проектот за изградба на нова водоводна мрежа на улицата „Речиште 1“ во населбата Драчево.

 

Со овој зафат се поставува водоводна линија во должина од 310 метри, со што трајно се решава долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на општината кои досега немаа соодветна водоводна инфраструктура.

 

Градоначалникот Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека недостигот на основна инфраструктура е неприфатлив за денешните услови, поради што овој проект е од витално значење за сигурно и стандардизирано водоснабдување на локалните семејства.

 

Општина Кисела Вода целосно ја финансира реализацијата на оваа инвестиција, а дополнително ги покрива и сите трошоци поврзани со изведбата на новите приклучоци за водомери, со што финансискиот товар целосно се отстранува од граѓаните.

 

Овој потег ја потврдува стратешката определба на општинското раководство за континуирано инвестирање во реални и одржливи решенија кои суштински го унапредуваат секојдневието на жителите.

 

Од локалната самоуправа најавуваат дека продолжуваат со истото темпо на работа, со фокус на инфраструктурни зафати кои ќе ги подобрат условите за живот во сите населени места во рамките на општината.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska?locale=mk_MK





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.