Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информира дека општината распиша јавен повик за доделување финансиски средства во вкупна висина од 4.000.000 денари од општинскиот Буџет.
 
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информира дека општинските служби и работници продолжуваат со непрекината работа на терен сè до целосно расчистување на штетите и последиците од невремето што ја зафати општината.
 
Реконструкцијата на спортската сала во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел 2 се одвива со одлична динамика, со што овој објект конечно добива нов и современ лик.
 
Врз основа на детална анализа на терен спроведена од стручните служби, локалната самоуправа ја започна акцијата за крпење на ударните дупки и поправка на оштетените делови од коловозите.
 
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека реконструкцијата на улицата „Боро Менков“ во населеното место Скопје Север се одвива со забрзано темпо, исполнувајќи ги дадените ветувања пред жителите.
 
Во населеното место Кучевишка Бара е во тек изградба на нов спортско-рекреативен центар, со кој целосно ќе се обнови просторот на постојното фудбалско игралиште. Проектот, според Општина Бутел, се реализира со добра динамика.
 
Во Радишани официјално започна реализацијата на еден од најзначајните спортски проекти во општина Бутел, откако беше поставен камен-темелникот за изградба на нов затворен пливачки базен во рамките на ООУ „Ацо Шопов“.
 
Долгогодишното барање на жителите од овој дел на градот конечно се претвора во реалност преку заедничката соработка меѓу локалната самоуправа и Град Скопје.
 
Од ЕВН Македонија АД информираат дека на ден 03.06.2026 година (среда) ќе има планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од Општина Бутел, Скопје, поради технички интервенции на мрежата.
 
Општина Бутел е корисник на нов еколошки проект финансиран од Европската Унија, кој има за цел да обезбеди почиста и поодржлива животна средина.
 
Општина Бутел денеска беше домаќин на возбудливиот едукативен настан „Олимпијада на Бутелски Сезнајковци“, кој на едно место ги собра најталентираните и најдосетливите ученици од осумте локални основни училишта.
 
Општина Бутел, која веќе е етаблирана како една од најактивните спортски општини во земјава благодарение на врвните резултати на локалните таленти, официјално го распиша новиот Јавен повик за доделување спортски стипендии.
 
Населбата Скопје Север деновиве е во знак на голема градежна акција со која се менува долгогодишниот лик на овој дел од општина Бутел. Како што информираше градоначалникот Дарко Костовски, активностите на терен се одвиваат со засилена динамика, опфаќајќи ги клучните сообраќајници, пешачки зони и јавни објекти, со цел конечно да се реализираат барањата на локалното население.
 
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека решавањето на проблемот со бездомните кучиња е еден од приоритетите на Општина Бутел, за кој ќе се спроведуваат координирани и конкретни мерки.
 
Од надлежните информираат дека на 28 април 2026 година (вторник), поради дефект на затворач со пречник од 400 мм на улицата Бутелска, ќе има прекин во водоснабдувањето. Проблемот е лоциран во близина на поранешната последна постојка на автобусот 57.
 
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска информираше за изградбата на нова пречистителна станица во населеното место Кучевишка Бара, проект со вкупна вредност од 129.717.440 денари кој ќе ги прими и третира отпадните води од двете населени места.
 
Инцидентот е пријавен на 14.04.2026 година во 16:25 часот во СВР Скопје, откако М.Б. (46) од Скопје пријавил дека додека се движел со автомобил, друго возило намерно му го попречило патот.
 

Најава за прекин на водоснабдување во Бутел

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека на 27.02.2026 година (петок) поради дефект на огрлица со пречник ф-300 мм на улицата „Хо Ши Мин“ бр. 292, ќе дојде до прекин во водоснабдувањето.
 

© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.