Костовски: Интензивно асфалтирање и санација на оштетените улици во Бутел

Врз основа на детална анализа на терен спроведена од стручните служби, локалната самоуправа ја започна акцијата за крпење на ударните дупки и поправка на оштетените делови од коловозите.

 

Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека приоритет е брзото и ефикасно санирање на критичните точки, со цел да се обезбеди поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот и да се подобри состојбата на патната мрежа во општината.

 

Градежните активности се одвиваат со забрзано темпо, при што се опфатени повеќе локации каде што беше утврдена потреба од интервенција.

 

Според динамичниот план утврден од општината, моменталните активности се очекува да бидат финализирани до крајот на следната недела, со што ќе се заокружи првата фаза од планот за реконструкција и одржување на локалните улици.

 

Со оваа акција, Општина Бутел ја потврдува својата посветеност кон решавањето на секојдневните проблеми на жителите преку директна и навремена интервенција.

 

Грижата за патната инфраструктура останува во врвот на приоритетите на раководството, со цел создавање услови за непречено одвивање на сообраќајот и повисок квалитет на живеење во сите населени места под надлежност на општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.