Костовски: Со „Лајка“ договорени поинтензивни мерки за решавање на проблемот со бездомните кучиња во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека решавањето на проблемот со бездомните кучиња е еден од приоритетите на Општина Бутел, за кој ќе се спроведуваат координирани и конкретни мерки.

Тој денеска остварил средба со директорот на ЈП Лајка, Војислав Димитровски, на која било разговарано за засилување на активностите за справување со бездомните кучиња на територијата на општината.

„Договоривме поинтензивно заловување, собирање и хуман третман на бездомните кучиња на јавните површини, со цел поголема безбедност за граѓаните“, наведе Костовски.

Од општината апелираат граѓаните да пријавуваат локации на бездомни кучиња на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со цел поефикасно делување на надлежните служби.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.