Интензивни теренски активности во Бутел: Општинските служби работно на отстранување на последиците од невремето

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информира дека општинските служби и работници продолжуваат со непрекината работа на терен сè до целосно расчистување на штетите и последиците од невремето што ја зафати општината.

 

Со ангажирање на сите расположливи ресурси и механизација, теренските екипи активно ги отстрануваат паднатите дрва, гранки и останати предмети што го попречуваат секојдневното движење на граѓаните.

 

Истовремено, општинскиот Кризен штаб ја следи состојбата во континуитет и одржува интензивна комуникација со Град Скопје, јавните претпријатија и надлежните служби со цел што побрза нормализација на состојбите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.