Денеска без електрична енергија делови од Општина Бутел
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 03 Јуни 2026
Од ЕВН Македонија АД информираат дека на ден 03.06.2026 година (среда) ќе има планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од Општина Бутел, Скопје, поради технички интервенции на мрежата.
Во периодот од 08:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Боца Иванова, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис „Дон“. Од 10:00 до 12:00 часот прекин ќе има за корисниците од улиците Душко Поповиќ, Томе Пуре и Боца Иванова, додека од 12:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Александар Турунџиев и Рокомија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













