Нова инфраструктурна офанзива во Бутел: Реконструкцијата на улицата „Боро Менков“ во Скопје Север со одлична динамика
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 07 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека реконструкцијата на улицата „Боро Менков“ во населеното место Скопје Север се одвива со забрзано темпо, исполнувајќи ги дадените ветувања пред жителите.
Работите моментално се во фаза на реконструкција на третиот крак од улицата, како и уредување на пешачките патеки.
Проектот е сеопфатен и, покрај асфалтирањето на коловозот, опфаќа и целосна реконструкција на паркинг-просторите, што значително ќе го подобри уредувањето на јавните површини и ќе овозможи подобар пристап за граѓаните.
Вредноста на овој капитален проект изнесува 27.000.000 денари.
Градоначалникот Костовски нагласи дека ова е дел од поголемиот инвестициски циклус во населеното место Скопје Север, каде Општина Бутел во овој период вложува над еден милион евра.
„Она што го ветив се остварува. Дадениот збор се реализира“, порача Костовски, потенцирајќи ја посветеноста на локалната самоуправа кон создавање подобра и пофункционална инфраструктура за сите жители на општината.
Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













