Кучевишка Бара добива нов спортско-рекреативен центар на површина од 2.000 квадратни метри

Во населеното место Кучевишка Бара е во тек изградба на нов спортско-рекреативен центар, со кој целосно ќе се обнови просторот на постојното фудбалско игралиште. Проектот, според Општина Бутел, се реализира со добра динамика.

 

Новиот комплекс ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри и ќе понуди повеќе содржини за спорт, рекреација и одмор.

 

Предвидена е изградба на ново фудбалско игралиште со вештачка трева, како и современо детско игралиште кое ќе го замени старото и дотраено.

 

Во рамки на проектот ќе бидат уредени и нов парк со зелени површини, летниковец и простор за одмор со поставување нови клупи, со цел жителите да добијат функционален и уреден јавен простор.

 

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, истакна дека со ваквите проекти се подобруваат условите за спорт и рекреација, а истовремено се зачувува маалскиот дух и се унапредува квалитетот на живот во општината.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.