По неколку децении започна чистењето на Серава и изградбата на нов модерен кеј со пешачка патека во Бутел 1

Долгогодишното барање на жителите од овој дел на градот конечно се претвора во реалност преку заедничката соработка меѓу локалната самоуправа и Град Скопје.

 

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека градежните активности за уредување на просторот околу реката Серава се одвиваат со одлична динамика.

 

Во рамките на овој обемен зафат, кој се реализира во координација со првиот човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повеќе од триесет години темелно се чисти речното корито од наталожениот отпад и истовремено се поставуваат темелите за уредување на нова пешачка зона.

 

Новопроектираната патека долж реката ќе биде соодветно уредена и опремена со модерно енергетски ефикасно ЛЕД осветлување и нови урбани клупи за одмор. Целиот речен појас 1 ќе претрпи комплетно еколошко преуредување, при што околниот простор ќе биде збогатен со нови тревни површини и разновидно зеленило.

 

За најмладите жители на населбата се предвидува изградба на современи детски игралишта, со што ова место ќе прерасне во главна точка за спорт, рекреација и социјализација на граѓаните.

 

Од општинската администрација порачуваат дека со овој капитален проект Бутел добива целосно нов и европски лик, со што се исполнува уште едно клучно ветување дадено пред граѓаните.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.