Најава за прекин на водоснабдување во Бутел
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 26 Февруари 2026
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека на 27.02.2026 година (петок) поради дефект на огрлица со пречник ф-300 мм на улицата „Хо Ши Мин“ бр. 292, ќе дојде до прекин во водоснабдувањето.
Без вода ќе останат корисниците од дел од улицата „Хо Ши Мин“, во Општина Бутел. Прекинот ќе започне од 10:00 часот и ќе трае сè до целосно санирање на дефектот.
Од претпријатието апелираат до граѓаните за разбирање и навремена подготовка за периодот додека траат интервенциите на терен.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













