Општина Бутел доби грант од Европската Унија за нов проект за управување со отпад

Општина Бутел е корисник на нов еколошки проект финансиран од Европската Унија, кој има за цел да обезбеди почиста и поодржлива животна средина.

 

Градоначалникот Дарко Костовски во Приштина присуствуваше на завршната церемонија за доделување на грантовите за општините, обезбедени во рамките на прекуграничната соработка помеѓу Косово и Македонија.

 

На овој настан учествуваа и министрите за локална самоуправа на двете земји, Златко Перински и неговиот косовски колега, заедно со градоначалници од регионот.

 

Станува збор за проектот под назив „Заеднички напори за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста - REDUCE“, кој се реализира преку ИПА 3 програмата за прекугранична соработка за периодот 2021-2027 година.

 

Главниот фокус на овој проект е насочен кон унапредување на постоечките локални системи за собирање, селекција и рециклирање на цврстиот отпад, со што директно ќе се влијае врз заштитата на екосистемот.

 

Активностите во рамките на проектот се дизајнирани за надминување на заедничките комунални предизвици со кои се соочуваат пограничните општини во двете држави.

 

Преку имплементацијата на овие мерки, Општина Бутел ќе ги прилагоди своите практични решенија со високите европски стандарди за заштита на животната средина, што ќе придонесе за долгорочно подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и подигнување на јавната еколошка свест.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.