Учениците од „Панајот Гиновски“ добиваат модерна спортска сала: Бутел ја заокружува трансформацијата на училиштето
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 17 Јули 2026
Реконструкцијата на спортската сала во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел 2 се одвива со одлична динамика, со што овој објект конечно добива нов и современ лик.
Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека ова е прва посериозна обнова на салата по многу години, со која дотраената инфраструктура оди во историјата, а учениците добиваат простор кој ги исполнува сите современи стандарди за спортски активности и настава по физичко образование.
Проектот, кој се реализира со поддршка на Министерството за образование и наука, опфаќа целосно нова подлога, изградба на нови соблекувални и комплетна реконструкција на санитарните јазли.
Оваа инвестиција е дел од пошироката стратегија за унапредување на училишната средина, откако претходно „Панајот Гиновски“ веќе се здоби со енергетски ефикасна фасада и ново фудбалско игралиште со вештачка трева.
Градоначалникот Костовски најави дека позитивните промени продолжуваат, со оглед на тоа што наскоро се очекува почеток на доградбата на училишниот капацитет, што ќе овозможи премин кон едносменско работење.
„Вложуваме во капитални проекти со кои директно го подобруваме квалитетот на образовниот процес и создаваме подобри услови за нашите деца“, порача Костовски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













