Пречистителна станица во Кучевишка Бара ќе го реши деценискиот проблем со отпадните води
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 10 Март 2026
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска информираше за изградбата на нова пречистителна станица во населеното место Кучевишка Бара, проект со вкупна вредност од 129.717.440 денари кој ќе ги прими и третира отпадните води од двете населени места.
Станицата е проектирана за вкупен капацитет од 5.000 жители и ќе се реализира во две фази – првата за 3.000 жители, а втората за дополнителни 2.000 жители. Пречистените води ќе се испуштаат во колекторот што ќе се изгради до реката Серава.
Костовски истакна дека во моментов заедно со Општина Чучер Сандево се работи на доработка на проектната документација за фекална канализација во двете населени места. „Посветено вложуваме во современа и одржлива инфраструктура која носи директни придобивки за нашите граѓани“, рече градоначалникот.
Пречистителната станица претставува една од најголемите капитални инвестиции во регионот и е значаен чекор кон решавање на долгогодишните проблеми со отпадните води за жителите на Кучевишка Бара и соседните населени места.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













