Директна финансиска поддршка од 4 милиони денари за спортските клубови во Општина Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информира дека општината распиша јавен повик за доделување финансиски средства во вкупна висина од 4.000.000 денари од општинскиот Буџет.

 

Средствата се директно наменети за финансирање на програмските активности на спортските клубови кои функционираат на територијата на општината, а заинтересираните клубови треба да ги исполнат критериумите наведени во јавниот повик.

 

Костовски нагласи дека се продолжува со силната и директна поддршка на спортот, со порака дека Општина Бутел останува најспортска општина во Македонија.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.