Samsung Galaxy A57 5G и Galaxy A37 5G веќе достапни во Македонија

Компанијата Samsung ги претстави новите модели Galaxy A57 5G и Galaxy A37 5G, кои од денеска се достапни и на македонскиот пазар.

Станува збор за уреди од Galaxy A серијата кои носат унапредени перформанси, подобрена камера и дисплеј, како и надградена Awesome Intelligence вештачка интелигенција за полесно секојдневно користење.

Новата генерација ја потврдува насоката на Samsung кон проширување на AI функционалностите на поширок круг корисници, а уредите се одликуваат и со зголемена издржливост и безбедност, како и поддршка за повеќегодишни софтверски надградби.

Galaxy A57 5G се нуди по цена од 30.499 денари, додека Galaxy A37 5G започнува од 24.599 денари, и двата модела се достапни преку продажната мрежа на компанијата во земјава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.