18 возачи лишени од слобода, 17 немале положено возачки испит

Дури 18 возачи се лишени од слобода во изминатото деноноќие поради кривично дело „безобѕирно управување возило“, соопшти МВР.

Од нив, 17 возеле без воопшто да имаат положено возачки испит. Меѓу нив има и двајца малолетници – 17-годишник од Стајковци и 15-годишник од Пробиштип.

Во групата се и повеќе возачи од Скопје и скопските села, како и лица од Тетовско, Куманово, Кичево, Битолско и Велес. Еден од возачите, 19-годишниот П.Ѓ. од Велес, предизвикал и сообраќајна незгода.

Од слобода е лишен и 27-годишен жител на Македонска Каменица, кој управувал возило под дејство на алкохол.

МВР најавува дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од полицијата повторно апелираат да не се управува возило без положен возачки испит, со активна забрана за управување или под дејство на алкохол.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.