Сите патишта проодни, коловозите суви – можна појава на поситни одрони
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 15 Септември 2026
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, информираат од ЈП „Македонијапат“.
На одредени патишта што минуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, поради што се апелира на внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот.
Дежурните екипи на „Македонијапат“ се постојано на терен и работат на одржување на проодноста на патните правци.
За подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да се обратат на дежурниот телефон 02 25 61 502.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















