Двајца кочанчани осомничени за серија кражби во пет општини, пронајдени украдени предмети
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 15 Септември 2026
Полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Виница ги лишиле од слобода В.З. (26) и Д.С. (43), двајцата од Кочани, поради сомнение дека извршиле повеќе кривични дела.
Според МВР, двајцата во текот на август и септември оваа година делувале на подрачјата на Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип. Тие се сомничат за седум тешки кражби во станбени и деловни објекти, три тешки кражби во обид во објекти и патнички возила, како и едно кривично дело „спречување на докажување“, за кое се сомничи В.З.
По судска наредба биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите.
По целосното документирање на случаите, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















