Се уредува зеленилото во Автокоманда долж булеварот „Александар Македонски“
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 14 Септември 2026
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска работат на уредување на зеленилото долж булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.
Како што информираат од претпријатието, се врши кроење и обликување на грмушките и нискостеблестата вегетација, како и косење на тревните површини.
Активностите се дел од редовниот план за одржување на јавните зелени површини во Скопје. ЈП „Паркови и зеленило“ и во текот на изминатиот период реализираше слични активности на повеќе локации низ градот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















