Мицкоски во САД ќе бара нови инвестиции: На американските компании ќе им го понуди и Криволак

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заминува во САД со владина делегација, каде што во Вашингтон се најавени средби со високи претставници на Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, но и разговори за нови инвестиции во енергетиката, напредната технологија и воената индустрија.

Мицкоски најави средба и со претставници на американската финансиска институција DFC, која веќе е присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, познат како „Антимон“. Според него, постои интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.

Посебен фокус ќе има на привлекувањето компании од воената индустрија. Мицкоски рече дека Владата, заедно со Министерството за одбрана, работи на нов закон со кој би се овозможило понуда на тренинг-полигонот „Криволак“ за потребите на странски компании.

„Чувствуваме дека на тој начин можеме да имаме уште побрз и уште подинамичен раст на економијата“, рече Мицкоски во интервјуто за МРТ.

По Вашингтон, владината делегација ќе отпатува за Њујорк, каде Мицкоски ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации и ќе има повеќе билатерални средби со државници. Најавени се и разговори со претставници на земји од Заливот, со цел продлабочување на партнерските односи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.