Водовод Скопје: Испитани 42 примероци, водата е безбедна за пиење

Водата за пиење од водоснабдителниот систем на Скопје е безбедна, покажуваат последните анализи на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

На 14 септември биле земени 42 примероци од водоводната мрежа, од кои четири се од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. На сите примероци се извршени физичко-хемиски и микробиолошки анализи во акредитирани лаборатории.

Од „Водовод и канализација“ информираат дека сите испитани примероци одговараат на Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.