Сулејмани во Театар Комедија: Разгледани почетокот на сезоната и условите за работа

Министерот за култура Седат Сулејмани го посети Театар Комедија, каде со в.д. директорот Едмонд Сотир разговараше за приоритетите и актуелните предизвици на институцијата.

На средбата биле разгледани почетокот на новата театарска сезона, кадровските решенија, како и состојбата на објектот, за кој се потребни одредени интервенции со цел подобрување на условите за работа.

Посетата е дел од практиката на Сулејмани непосредно да се запознава со работата на културните институции, нивните програми, кадарот и условите во кои функционираат. Слични работни посети министерот реализираше и во други национални културни институции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.