Андоновски: Делчево забрзано се развива, нов туристички информатор за културните и природните богатства

Делчево добива нов Туристички културен информатор, кој треба да придонесе за подобро претставување на културните, природните и локалните потенцијали на Делчево и Пијанец.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го посети информаторот заедно со градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски. Просторот е опремен со поддршка од Министерството за дигитална трансформација.

Андоновски информираше и дека во Делчево веќе е отворен Центарот за услуги – ЕТУ, кој, според него, има голема искористеност и значење за жителите на општината.

„Делчево забрзано се развива“, порача Андоновски, додавајќи дека во изминатата година се реализираат нови проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните и отвораат нови можности за развој.

Тој најави продолжување на поддршката за локалната самоуправа преку современи и дигитални решенија наменети за граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.