Кривична пријава против градоначалникот на Струга за злоупотреба на службената положба

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (66) од струшкото село Биџево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Според пријавата, М.Ќ., во својство на градоначалник на Општина Струга, спротивно на одредбите од Законот за основното образование, донел одлука за разрешување на директор на едно основно општинско училиште, по што назначил друго лице за в.д. директор.

Од полицијата наведуваат дека новоназначеното лице не ги исполнувало целосно условите пропишани со член 118 од Законот за основното образование. Неправилностите биле утврдени и при инспекциски надзор спроведен од Државниот просветен инспекторат.

За случајот е поднесена кривична пријава, а понатамошната постапка е во надлежност на институциите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.