Гази Баба слави 50 години со голема музичка прослава во Автокоманда

Општина Гази Баба одбележува 50 години постоење, а големиот јубилеј ќе биде прославен со музичка вечер на 18 септември (петок) на плоштадот во Автокоманда.

Прославата ќе започне во 20 часот, а пред публиката ќе настапат Огнен Здравковски, Мелани Тарчуловска, „Два Бона“, Каролина Гочева и Пеџа Јовановиќ.

Од Општина Гази Баба ги повикуваат граѓаните да бидат дел од одбележувањето на петдеценискиот јубилеј, кој го опишуваат како прослава на историјата, развојот, луѓето и спомените што ја одбележале општината.

Големиот јубилеј на Гази Баба се одбележува со низа активности, а музичката прослава на Автокоманда ќе биде еден од централните настани. Општината во својата програма за 2026 година предвиде и изработка на монографија „50 години Општина Гази Баба“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.