МВР со превентивни акции: Внимателно со тракторите, без телефон и алкохол зад волан

Полициски службеници во повеќе градови спроведоа превентивни активности за поголема безбедност во сообраќајот, при што граѓаните беа потсетени на правилата и ризиците кои можат да доведат до сообраќајни незгоди.

Во Македонски Брод, полицајците посебно се фокусирале на возачите на трактори и земјоделска механизација. На нив им било укажано пред вклучување во сообраќај да ја проверат техничката исправност на возилата, особено светлосната сигнализација, управувањето и сопирачките. На возачите на автомобили им било укажано и на важноста од користење сигурносен појас.

Во Штип граѓаните биле информирани за опасностите од користење мобилен телефон додека управуваат возило, додека во Велес акцентот бил ставен на возењето под дејство на алкохол и сериозните последици што може да ги предизвика. Во Чашка превентивната акција била под мотото „Возете безбедно со технички исправно возило“.

Превентивни активности имало и во Кавадарци, каде полицијата спровела акција под мотото „Кажи не на дрогата“, со цел да се укаже на штетните последици од зависностите и начините за справување со оваа појава.

Во рамки на активностите бил поделен и едукативен материјал до граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.