Мила Рељиќ освои бронза во Кина и се пробива кон Топ 16 на олимписката ранг-листа
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 29 Август 2026
Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Отвореното Светско првенство за жени Г-4 во Таијуан, Кина.
Во борбата за медал, Рељиќ ја совлада претставничката на Тајпеј, Чиа Веи Ванг, со 2:1 во рунди.
Со овој одличен резултат, Мила освојува дополнителни 14,4 поени, што се очекува значително да ја подобри нејзината позиција на олимписката ранг-листа и да ја доближи до Топ 16, а со тоа и до одлична позиција во трката за олимписка норма за ЛОИ 2028.
Рељиќ, која настапи и на Олимписките игри во Париз 2024, продолжува со одличниот настап на меѓународната сцена.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















