Македонија до 15 години ја совлада Естонија на развојниот турнир на УЕФА

Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години забележа победа од 1:0 против Естонија во вториот натпревар на развојниот турнир на УЕФА, кој се одржува во Струмица и Турново.

Избраниците на селекторот Горан Георгиевски одиграа одличен натпревар и заслужено стигнаа до победата, иако разликата можеше да биде и поголема.

Македонските фудбалери во текот на 90-те минути создадоа неколку одлични шанси, а двапати ја погодија и пречката од голот на Естонија.

Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во финишот на првото полувреме. Во 40. минута Леис Факиќ успеа да го совлада гостинскиот голман и да ја донесе победата за Македонија.

Во последниот натпревар на турнирот, Македонија во среда ќе се соочи со репрезентацијата на Украина.

Фото: ФФМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.