Јакупи нов заменик-директор на Центарот за едукација при ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за разрешување на Висар Ганиу од функцијата заменик-директор на Центарот за едукација при ФФМ, а на негово место е именуван Менсур Јакупи, долгогодишен фудбалски работник и тренер со богато искуство во македонскиот фудбал.

Јакупи во својата кариера работел во повеќе клубови и младински школи, меѓу кои ФК Гостивар и младинските категории на Шкендија, а бил и селектор на македонските репрезентации до 17 и до 19 години. Тој е носител на УЕФА Про лиценца, највисоката тренерска квалификација според стандардите на УЕФА.

Во изминатите години активно учествуваше во едукацијата на тренери како инструктор и предавач во рамки на Центарот за едукација при ФФМ, каде беше вклучен во реализацијата на програмите за тренерско усовршување и лиценцирање.

Од ФФМ очекуваат неговото искуство и стручност да придонесат за понатамошен развој и унапредување на едукативните процеси и тренерската едукација во македонскиот фудбал.

 

фото: ФФМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.