Прилепчанец приведен кај Љубаништа, полицијата му пронашла марихуана и таблета
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 13 Септември 2026
Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад-Охрид синоќа лишил од слобода 43-годишен прилепчанец кај автокампот „Љубаништа“.
Како што информира МВР, полициските службеници во 22:20 часот извршиле контрола и преглед над А.Ш. (43), при што кај него биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.
Лицето било лишено од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид.
По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















