„35 години – 35 предмети – 35 приказни“ во Националниот археолошки музеј

Националниот археолошки музеј со посебна музејска програма ќе ја одбележи 35-годишнината од независноста на Македонија.

 

На 8 септември, по повод Денот на независноста, ќе биде организиран настанот „35 години – 35 предмети – 35 приказни“.

 

Програмата започнува во 11 часот, а посетителите во текот на целиот ден ќе имаат можност бесплатно да го посетат Музејот и неговата постојана поставка.

 

Во рамките на настанот ќе бидат издвоени 35 предмети од музејската колекција, преку кои посетителите ќе можат да се запознаат со различни периоди од илјадалетната историја и културното наследство на просторот.

 

Посебен акцент е ставен на интерактивниот карактер на програмата.

 

Избраните експонати ќе бидат означени со македонското знаме, со што посетителите полесно ќе ги препознаат и ќе можат самостојно да ги следат низ постојаната поставка.

 

Со ваквиот концепт, музејот создава своевидна временска патека која ги поврзува археолошките сведоштва од минатото со современата држава.

 

За време на настанот ќе биде претставен и каталогот со ист наслов „35 години – 35 предмети – 35 приказни“.

 

Во него секој од избраните предмети е дополнително обработен преку текстови подготвени од кустосите и стручните лица на Националниот археолошки музеј.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.