Нов лик за детското игралиште во Жданец, обновени реквизиците и урбаната опрема

Детското игралиште во населбата Жданец доби нов изглед по спроведената реконструкција, со која просторот е направен поуреден, пофункционален и побезбеден за најмладите.

 

Во рамки на обновата беа заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките и нова мрежа на кошот, а дотраените дрвени елементи на клупите се заменети со нови.

 

Од Општина Карпош посочуваат дека продолжуваат активностите за реконструкција и уредување на детските игралишта и урбаната опрема, со цел создавање поквалитетни јавни простори за децата и останатите жители.

 

Општината воедно апелира до граѓаните одговорно да ја користат и чуваат поставената опрема, бидејќи уредените јавни површини се заедничко добро и нивното зачувување е обврска на целата заедница.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.