Карпошовото културно лето започна со изложба посветена на Горан Стефановски
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 21 Август 2026
Со изложба на постери и плакати од театарските претстави на македонскиот драматург Горан Стефановски, официјално започна 17. издание на Карпошовото културно лето.
Програмата започна со настан посветен на творештвото на Стефановски, во присуство на неговиот син, со што беше оддадена почит на авторот чие творештво остави значаен белег во македонската култура.
Покрај изложбата посветена на Стефановски, во текот на денот започна и патувачката изложба „ReArt“ во „Сити Мол“, која на посетителите им претставува современа уметност и нови креативни содржини.
Од Општина Карпош информираат дека овие два настани го означуваат почетокот на годинешното издание на културната манифестација, која и ова лето ќе понуди различни содржини од областа на уметноста и културата.
„Карпош – местото каде што летото има своја приказна“, порачаа од Општина Карпош.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















