Општина Илинден: Завршен капиталниот инфраструктурен проект за изградба на нов мост и улица „500“ меѓу Марино и Јака

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, информираше за успешната завршница на капитален инфраструктурен проект со кој се реализира сообраќајното поврзување меѓу населените места Марино и Јака.

 

Проектот, кој беше реализиран со значајна финансиска поддршка од Владата и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, овозможи изградба на нова, современа и функционална сообраќајна артерија во овој дел од општината.

 

Новиот инфраструктурен зафат опфаќа изградба на нов мост со широчина од 6 метри, опремен со тротоари од двете страни и заштитна ограда за зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот, како и нова улица „500“ во должина од 260 метри со соодветни тротоари и нов систем за одведување фекални отпадни води, при што во наредниот период се очекува и поставување на ново улично осветлување.

 

Со надоврзувањето на претходно реализираните улици „119“ и „111“, населбата Јака доби нов влез, излез и директна врска со Марино и централниот дел на општината. 

 

Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.