Умерен сообраќај на патиштата, без подолги задржувања на границите
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Септември 2026
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира на прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност за појава на одрони.
Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.
Во меѓувреме, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 9 септември е воведен времен режим на сообраќај. Граничниот премин функционира непрекинато, а сообраќајот се одвива нормално.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













