Министерот за правда Јетон Шасивари на средба со вицегувернерот на ЦЕБ Томаш Бочек за проектот за реконструкција на затворите вреден 46 милиони евра

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ), Томаш Бочек, на која во фокус беа тековните активности за реализација на капиталниот проект „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Македонија“.

 

Проектот, кој се реализира со значаен заем од ЦЕБ во износ од 46 милиони евра, има за цел суштинско унапредување на условите во затворите и обезбедување современи стандарди за сместување, здравствена заштита, хигиена, како и подобрување на условите за работни и слободни активности на осудените и притворените лица, целосно согласно европските норми и пракси.

 

За време на разговорите беше констатирано дека активностите во тек на 2026 година се одвиваат согласно предвидената динамика.

 

Посебно беше истакнато дека во јули 2026 година е склучен договорот за стручен надзор над изградбата, додека постапката за избор на изведувач за реализација на предвидените градежни објекти е во тек.

 

Министерството за правда останува цврсто посветено на реформите во системот за извршување на санкциите, насочени кон создавање хумани, безбедни и европски услови во казнено-поправните установи ширум државата.

 

Фото извор: https://www.pravda.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.