Министерот Минчев и координаторката на ОН Колумбија на средба за новата Рамка за соработка 2026–2030 и идната Академија за обуки
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Септември 2026
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со постојната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која во фокус беа можностите за продлабочување на институционалната соработка во рамки на новата Рамка за соработка ОН–Северна Македонија за периодот 2026–2030 година.
На средбата детаљно беа разгледани прашањата поврзани со доброто управување, институционалниот развој и целосното јакнење на капацитетите на јавната администрација.
Посебно внимание беше посветено на подготовката и лансирањето на новата Академија за стручно усовршување и обука на административни службеници, која се очекува да започне со работа во 2027 година, при што беа разгледани модалитетите за поддршка од системот на ОН во креирањето на обуките, модулите и обучувачите, надоврзувајќи се на досегашната успешна соработка со УНДП во воспоставувањето на системот за управување со учењето – ЛМС.
Министерот Минчев нагласи дека вистинската вредност на реформите во јавната администрација не се исцрпува само со креирањето закони, туку се рефлектира во создавањето поефикасни и попрофесионални институции кои работат исклучиво во интерес на граѓаните.
Тој ја истакна важноста од силни меѓународни партнерства кои носат вредно знаење, искуство и конкретна поддршка.
Министерството за јавна администрација најави дека и во иднина продолжува посветено да ги реализира реформските процеси преку конкретни иницијативи насочени кон градење модерна, транспарентна и ефикасна администрација во служба на граѓаните.
Фото извор: https://vlada.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













