Нови услови за фудбалерите во Куманово: Започна целосна реконструкција на теренот на стадионот на ФК Башкими
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Септември 2026
Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници на локалната самоуправа и раководството на ФК Башкими, изврши увид во почетокот на градежните активности со кои официјално започнува целосната реконструкција на фудбалскиот терен кај стадионот на ФК Башкими во Куманово.
Проектот опфаќа целосно уредување на постојниот терен на површина од 4.000 квадратни метри, што вклучува нивелирање и подготовка на земјената подлога, поставување нова природна трева, изградба на надворешен хидрантски систем, поставување комплетно нова ограда и нови голови, како и изградба на трибина по целата должина на теренот.
Со овие зафати, кои се дел од програмата на Министерството за спорт за развој на спортската инфраструктура, клубот и младите категории ќе добијат современи услови за тренинг и секојдневна работа.
Истакнувајќи го значењето на овој проект, министерот Ристовски потсети дека на овие простори со години се ветувало обновување на стадионот, но дека актуелната власт конечно го исполнува дадениот збор.
Тој нагласи дека инвестициите во спортската инфраструктура се клучни за развојот на спортот, додавајќи дека проектот има и силен социјален карактер бидејќи овозможува правилен развој и социјализација на децата преку спортот.
Воедно, Ристовски упати апел до корисниците одговорно да ги чуваат новите терени за да останат во функција што подолго, нагласувајќи дека Министерството и Владата и во иднина ќе продолжат со вложувања во капитални спортски проекти низ целата држава.
Фото извор: https://ms.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













